КОМИЧАРКАТА РОЗИ О’ДОНЕЛ ГЛУМИ ВО НОВАТА СЕЗОНА НА „И ЕДНОСТАВНО ТАКА“

САД, (Вараети)

И едноставно така, Рози О’Донел ѝ се врати на комедијата. Актерката глуми во третата сезона на серијата „И едноставно така“, продолжение на „Сексот и градот“.

О’Донел ја игра Мери, која е на прошетка во Њујорк, а Миранда (Синтија Никсон) ја запознава во бар. Тие поминуваат една ноќ заедно во хотелот каде што е сместена Мери, која е калуѓерка.

О’Донел јавно кажа дека е лезбијка во 2002 во нејзиното ток-шоу.

„Јас сум добра пријателка со Синтија Никсон, а ќерка ми беше нејзин асистент на снимањето на последната сезона на серијата. Јас ја нарекувам ‘Сексот и градот 2’, но не е тоа. Ќерка ми ми рече: ‘Продуцентот на серијата ми кажа дека има улога за тебе. Дали си за?’ Реков: ‘Дали се шегуваш со мене? Веднаш!’ Не морав ни да размислувам за тоа“, рече актерката за „Вараети“.

Третата сезона на „И едноставно така“ почна да се емитува вчера (29 мај) на „Макс“.

(Фото: Макс)