Британската глумица Лили Џејмс објави фотографии на кои e непрепознатливо трансформирана во Памела Андерсон, во новата серија за животот на поранешната ѕвезда на „Чувари на плажата“.

Новиот проект на „Хулу“, „Пем и Томи“, ќе ја раскаже приказната за бурниот брак на Андерсон и музичарот Томи Ли откако во јавноста излезе нивна секс снимка. Тие беа во брак од 1995 до 1998 година.

Ли го глуми ѕвездата на „Одмаздници“, Себастијан Стен, кој исто така на Инстаграм објави фотографии од новата улога. Корисниците на социјалните мрежи се толку збунети што не можат да кажат кои фотографии се автентични.

„Лили Џејмс е повеќе од совршена како Пем Андерсон одошто можев да замислам“, коментираат на Твитер.