„НЕТФЛИКС“ ЈА ПОТВРДИ ВТОРАТА СЕЗОНА НА „БЕРЛИН“

Њујорк, (Дедлајн)

„Берлин“, спиноф серијата на „Куќа од хартија“ (La Casa de Papel), ќе добие втора сезона на „Нетфликс“. Снимањето ќе почне следната година. Покрај Берлин, кого го игра Педро Алонсо, ќе се врати и остатокот од неговата банда, која во првата сезона изврши грабеж во Париз.

„Берлин“ се одвива пред случувањата во хитот „Куќа од хартија“ и „Нетфликс“ објави дека била најгледаната серија на светско ниво во првата недела од премиерата кон крајот на минатата година.

„Куќа од хартија“ имаше пет сезони, пред да заврши во 2021.