„Амазон“ го искористи враќањето на публиката на Комик-Кон во Сан Диего за да прикаже три минути од најскапата серија на сите времиња, објавувајќи го трејлерот за „Господар на прстените: Прстените на моќта“. Серијата со осум епизоди ќе има премиера на 2 септември, по што ќе излегува една нова епизода неделно.
Таа се фокусира на Втората доба на Средна Земја, 4.000 години пред дружината на Фродо да тргне на своето патување, кога се исковани 20-те прстени на моќта и доаѓа до подем на мрачниот господар Саурон.
Серијата претставува микс од нови и оригинални ликови и на стари фаворити во помладо издание, како бесмртните џуџиња Галадриел и Елронд.
„Амазон“ ги откупи правата за материјалот на Толкин во 2017 за 250 милиони долари, а се проценува дека буџетот за петте сезони ќе изнесува една милијарда долари.