ОБЈАВЕНА ПРВАТА ФОТОГРАФИЈА ОД НОВИОТ ХАРИ ПОТЕР ОТКАКО ЗАПОЧНА СНИМАЊЕТО НА СЕРИЈАТА

Лондон, (Би-Би-Си)

Започна снимањето на новата серија за Хари Потер, при што Ејч-Би-О ја објави првата фотографија од главниот актер Доминик Меклафлин (11) од сетот. Најавено е дека серијата ќе има повеќе сезони, кои ќе се снимаат десет години.

Тројцата млади актери кои ќе ги глумат Хари, Хермиона и Рон беа објавени во мај и тие се придружија на актерската постава во која се и Џон Литгоу како Дамблдор, Ник Фрост како Хагрид, Џенет Мектир како Минерва и Папа Есиеду како Северус Снејп.

Серијата ќе се снима во студиото на „Ворнер брос“ во Англија, каде што се снимени и осумте филмови за Хари Потер. Првата сезона треба да има премиера во 2027 година.