ПОВРАТНИЧКАТА ЕПИЗОДА НА „ПРИЈАТЕЛИ“ ЌЕ БИДЕ КАКО СРЕДБА НА НАЈДОБРИ ПРИЈАТЕЛИ (ВИДЕО)

Лос Анџелес, (Скај)

„Ејч-Би-О макс“ објави полн трејлер за повратничката епизода на „Пријатели“, во пресрет на нејзината премиера на овој стриминг сервис на 27 мај.

Во специјалната епизода „Пријатели: Обединување“, која нема сценарио, се појавуваат сите шест члена на оригиналната постава Метју Пери, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет ЛеБланк и Дејвид Швимер, кои не ги глумат ликовите од серијата, туку се самите тие.

„Ништо не е по сценарио, не сме влезени во ликовите. Ние сме ние, вистинските луѓе“, вели Швимер.

Џејмс Корден е домаќин на епизодата и им поставува прашања на актерите, а во епизодата гостуваат и бројни славни личности, како Леди Гага, Дејвид Бекам и Џастин Бибер.

„Пријатели“ е еден од најуспешните ситкоми на сите времиња и иако оригинално престана да се емитува во 2004 година по десет сезони, тој доби нова генерација фанови благодарение на честите репризи и „Нетфликс“.