ТВ-мрежата „Шоутајм“ објави дека осмата и последна сезона на наградуваната серија „Татковина“ ќе почне да се емитува во февруари 2020, што ќе направи пауза меѓу две сезони од цели две години.
Таа ќе има 12 епизоди и ќе стави крај на сагата за сега веќе поранешната агентка на ЦИА Кери Матисон, која по ослободувањето од руски затвор и заздравувањето од психичката тортура оди на уште една, последна мисија, која треба да обезбеди мир во Авганистан.
„Татковина“ дебитираше во 2011 година и во меѓувреме освои пет златни глобуси, од кои два за главната ѕвезда Клер Дејнс.
„Сакаме гордо да ја завршиме серијата и бидејќи продукцијата се одвива во неколку држави, таа се одолжи повеќе отколку што мислевме“, изјави претседателот на „Шоутајм“, Гери Левин.