По 17 години, екипата на една од најпопуларните ТВ-серии „Пријатели“ повторно се собра за да ја сними специјалната епизода насловена „Обединување“. По неколку одложувања поради ковид пандемијата, таа конечно беше снимена минатата недела на отворено во Калифорнија.
Епизодата требаше да се емитува уште на 20 мај 2020 на „Ејч-Би-О макс“.
Таа ги обедини Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Мет ЛеБланк, Метју Пери, Дејвид Швимер и Лиза Кудроу во прв заеднички проект откако заврши снимањето на серијата во 2004 година.
ТВ-мрежата дополнително ќе соопшти кога ќе се емитува, но се очекува во наредните месеци.