СЕРИЈАТА „И ЕДНОСТАВНО ТАКА“ ЌЕ ЗАВРШИ СО ТРЕТАТА СЕЗОНА

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Серијата „И едноставно така“ (And Just Like That), продолжението на хит-серијата од 1990-тите „Сексот и градот“ ќе заврши после третата сезона, објави „Ејч-Би-О“.

Продуцентот Мајкл Патрик Кинг на Инстаграм објави дека додека ја пишувал последната епизода, сфатил дека тоа е совршен момент да заврши серијата.

Именувана по препознатливата фраза на нејзината хероина Кери Бредшо, комедијата-драма  ги следи животите на три од четирите оригинални ликови додека ги живеат своите 50-ти години во Њујорк.

Третата сезона почна да се емитува на 29 мај на „Макс“.

Финалето ќе биде во два дела и ќе се емитува на 7 и 14 август.

(Фото: Гети)