Ѕвездата на „Игра на тронови“, Софи Тарнер, ќе ја игра Лара Крофт во новата ТВ-серија „Томб рајдер“. Серијата е создадена и напишана од креаторката и ѕвезда на „Флибег“, Фиби Волер-Бриџ.
„Томб рајдер“ е базирана на компјутерската игра за фиктивната авантуристка и археолог Лара Крофт, која претходно ја глумеа Анџелина Џоли и Алисија Викандер.
„Неизмерно сум возбудена што ја прифатив улогата. Лара е легендарен лик, кој им значи толку многу на многумина. Ќе имам тешка задача да одам по стапките на Анџелина Џоли и Алисија Викандер“, рече Тарнер.
Од „Амазои“ кажаа дека снимањето на серијата ќе почне во јануари следната година.