„ЦРНО ОГЛЕДАЛО“ СЕ ВРАЌА СО НОВИ ШЕСТ ЕПИЗОДИ ВО ЈУНИ

Лос Анџелес, (Вараети)

Дистописката научно-фантастична серија „Црно огледало“ (Black Mirror) се враќа со нови епизоди во јуни по четири години пауза. „Нетфликс“ ги објави насловите и кратката содржина на шесте епизоди.

Креаторот на серијата Чарли Брукер го напиша сценариото за сите епизоди од шестата сезона, а во актерската екипа се и Салма Хајек, Арон Пол, Џош Хартнет и Кејт Мара.

„Црно огледало“ имаше премиера во 2011, а од третата сезона е во продукција на „Нетфликс“.

(Фото: Нетфликс)