Втората сезона на „Никој не го сака ова“ се ближи, а на првите фотографии од новите епизоди на хитот на „Нетфликс“, Ноа и Џоан се чини дека се многу блиски. Серијата номинирана за „Еми“ се враќа на „Нетфликс“ на 23 октомври.
Првпат ја запознавме двојката во септември 2024, кога подкастерката Џоан (Кристен Бел) се вљуби во згодниот рабин Ноа (Адам Броди) и сериозно размислуваше да се преобрати за да биде со него. Длабочината на нивната врска ги шокираше сите околу нив, особено нивните семејства. А, во финалето на сезоната, се чинеше дека нивната љубов ќе победи.
„Сега, тие се вратија и целосно се посветени на спојување на нивните животи и најблиските. Но, нивните разлики сè уште постојат и не можат да се игнорираат. Предизвикот сега не е само да се вљубат и покрај сите пречки, туку и да останат заедно“, стои во најавата на сезоната.
(Фото: Нетфликс)