Аферата на поранешниот американски претседател Бил Клинтон со Моника Левински и импичментот во 1999 ќе бидат претставени во ТВ-серија.

Новата сезона од „Американската крими приказна“ ќе се емитува во 2020 пред претседателските избори.

Серијата на телевизиското студио „Фокс 21“ и „Еф-Екс продакшнс“ претходните две сезони ги посвети на О.Џ. Симпсон и убиството на Џани Версаче, а во новата сезона продуцентка ќе биде и Левински.

Актерката Беани Фелдстин ќе ја глуми Левински, а Сара Полсон ќе ја игра Линда Трип, која тајно го снимала приватните телефонски разговори на Левински и Клинтон. Сѐ уште не е познато кој ќе ги глуми Бил и Хилари Клинтон во серијата, која ќе се базира на книга од 2000 од Џефри Тубин.

Левински за „Венити фер“ изјави дека првично двоумела и била исплашена околу продукцијата на Рајан Марфи.

„Луѓето со години го вртат мојот дел од приказната. Благодарна сум на можноста да се слушне мојот глас“, изјави 46-годишната Левински. За време на аферата, таа имаше 22 години, а Клинтон 49.