Приквелот на хит серијата „Игра на тронови“, „Куќа на земјот“, ќе почне да се снима во 2021, објави „Ејч-Би-О“ на Твитер. Ова претставува мало изненадување, со оглед на тоа што се шпекулираше дека снимањето ќе почне во 2022. „Ејч-Би-О“ објави и две фотографии од црвен змеј со постот „Змејовите доаѓаат“.

„Куќа на змејот“ се случува 300 години пред настаните во една од најнаградуваните серии на сите времиња. Фокусот во приквелот е на семејството Таргарјен и ќе има 10 епизоди. Еден од потомците Денерис Таргарјен беше меѓу главните ликови во „Игра на тронови“.

Педи Консидајн ќе го глуми главниот лик, кралот Висерис Таргарјен, а деновиве беше објавено дека на екипата ѝ се приклучуваат и Оливија Кук и Мет Смит, познат по улогата на принцот Филип по првите две сезони на „Круна“. Смит ќе го игра Даемон Таргарјен, помладиот брат на кралот Висерис и наследник на тронот.