ВАЖНО Е ДА СМЕ СВЕСНИ И ИНФОРМИРАНИ ЗА РАКОТ НА ДОЈКА, РЕКОА АКТИВИСТИТЕ НА СКОПСКИОТ „РОЗОВ ПИКНИК“

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Важно е да сме свесни и информирани. Редовните прегледи и самопрегледот се клучни во раната детекција и успешно лекување, рече извршната директорка на Здружението ЕЗРА, Лиридона Лимани, на денешниот (5 октомври) настан „Розов пикник“  во скопскиот Градски парк по повод започнувањето на Светскиот месец посветен на ракот на дојка.

Лимани ја истакна важноста на рана дијагностика, охрабрувајќи ги сите да преземат проактивен пристап кон своето здравје.

Фото: К. Попов

 

Фото: К. Попов

„За жал, мојата баба која ми беше како втора мајка го напушти овој свет поради оваа болест. Ја изгубив и мојата драга пријателка, која имаше само 28 години. И мојот дедо беше дијагностициран со рак. Овие загуби ја изградија мојата судбина. Да бидам гласот на пациентите и да се борам за нивните права. За подобро утре, за подобра грижа, за секој живот”, рече Емануела Додева, претседателка на Здружението.

Фото: К. Попов