Младиот пијанист Владимир Србиновски е лауреат на годинашното, седмо издание на интернационалниот натпревар Пијанофест, кој деновиве се одржа во Битола. Покрај парична награда, тој ќе ја добие можноста со концерт да го отвори следното издание на Пијанофест во 2026 .
Србиновски исто така ја понесе наградата „Јасминка Чакар“, за која му беа доделени парична награда од 300 евра и плакета.
На натпреварот беа доделени и три ваучери за учество на Виена гала фест во 2026 година, и тоа на пијанистите Вук Ѓокиќ (Србија), Еце Сарач (Турција) и Мариела Низамова (Бугарија).
Пијанофест пречека 110 млади музички надежи од Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Бугарија, Бугарија, Русија, Турција, Кина и Тајланд. Организатор е здружението на пијанисти и музички педагози „Пијано Битола“, во соработка со КИЦ Битола и со поддршка од Општина Битола и Министерството за култура.
Ж. ЗДРАВКОВСКА