ЗАЕДНИЧКО СТЕНДАП ШОУ НА БОЈАН ВЕЛЕВСКИ И МАРЈАН ГЕОРГИЕВСКИ ВО ОХРИД

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
На 4 август од 21 часот, во Античкиот театар во Охрид ќе се одржи заедничко стендап шоу на комичарите Бојан Велевски и Марјан Георгиевски.
„Тие ќе ги отворат сите теми кои секојдневно нè тераат да се запрашаме: ‘Добро бе, дали некаде вака се живее?‘ Ќе го кажат сето она што сите го мислат, но ретко кој го кажува гласно и ќе ви покажат зошто навистина ова не е нормално“, велат од „Прагма продукција“, организаторот на настанот.
Билетите се продаваат преку мрежата на Купи карта.