Мистериозниот британски графити уметник Бенкси за првпат остави неколку свои дела на улиците на Париз и повеќето од нив ги поврзува една тема – мигрантската криза во Европа.
Станува збор за најмалку седум нови дела, од кои еден е насликан во близина на концертната сала „Батаклан“, во којашто беа убиени 90 луѓе во терористичкиот напад во ноември 2015 година.
Друг мурал прикажува модерна верзија на Наполеон, при што лицето му е покриено со црвена шамија. Бенкси ја сподели оваа слика на својот официјален профил на Инстаграм, проследено со пораката „слобода, еднаквост, кабловска телевизија“.
Бенкси му посвети еден мурал и на насилното студентско востание во Париз во 1968 година, а некои претставуваат критика на капитализмот.