Мигрант од Мали, кој доби прекар Спајдермен откако се качуваше по зграда за да спаси четиригодишно дете, го имаше првиот работен ден во противпожарната бригада на Париз.
Неверојатната херојска акција на 22-годишниот Мамуду Гасама го обиколи светот пред еден месец и имаше среќен крај за сите, откако францускиот претседател Макрон му вети државјанство и работа како пожарникар.
Тој почна да работи вчера, откако беше примен во служба со уште 23 други регрути, објави бригадата на Твитер.
На Гасама му требаа 40-ина секунди да се искачи по терасите и да дојде до детето, кое висеше од четвртиот спрат.
„Сакам деца. Не сакав да дозволам да биде повредено“, кажа тогаш Гасама.
Таткото на детето, кој во тој момент бил во продавница, сега се соочува со затвор поради занемарување на родителски обврски.