ОД ЗДОДЕВНОСТ ДО БЕСПЛАТНИ КОЛАЧИЊА, 10 ПРИЧИНИ ЗОШТО СЕ ДЕБЕЛЕЕ НА РАБОТА

Лондон, (Мирор)

Милиони луѓе се здебелуваат уште во првата година на ново работно место, покажува истражувањe.

Една петина од испитаниците, виновни за тоа што ги зголемиле килограмите ги сметаат колегите, а за секој десетти испитаник, крив е шефот. За поголем број пак, седењето 8 часа на работното место е причина за добиените килограми.

Истражувањето на Здружението на британските нутриционисти покажува дека многу е мал бројот на вработени кои можат да одолеат на бесплатните колачиња и слатки, донесени од нивните колеги. Секој шести испитаник одговорил дека може да држи диета само ако тоа го прават и дел од колегите.

Еве ги 10-те причини поради кои се дебелееме на работното место

  1. Седење на бирото речиси цело работно време
  2. Стресот од напорен ден на работа
  3. Здодевност
  4. Замор
  5. Не можеме да одолееме на колачите и слатките на колегите
  6. Немање време за вежбање
  7. Не можеме да вежбаме оти сме уморни
  8. Облачното и ладно време
  9. Нередовни оброци
  10. Секогаш купуваме храна, а не носиме подготвена од дома

.