Шестмесечно бебе од Јапонија е вистински хит на социјалните мрежи и може да се пофали со 40.000 следбеници на Инстаграм. Сето ова благодарение на нејзината неверојатна коса.
Чанко е родена во декември 2017 година со густа коса, која и натаму продолжува да ѝ расте и нејзината мајка редовно објавува слики од неа на Инстаграм. Тие неретко собираат по 10.000 лајкови.
Дали некое дете ќе се роди со коса, зависи од генетиката и од етничката припадност, вели педијатарот Бад Зуков.
„Бебешката коса може значително да се разликува од косата што тој или таа ќе ја има кога ќе порасне. Некои деца се раѓаат со дебели влакна на главата, па тие можат да се изгубат по само неколку недели. Тоа е сосема нормално поради хормоналните промени. Бебето во матерницата е изложено на повисоко ниво на хормони, а откако ќе се роди, нивото опаѓа, што го запира или забавува растот на косата“, појасни Зуков.