Анджеј Баргјел стана прв човек кој со скии се спуштил од К2, вториот највисок врв на светот.

На полскиот авантурист му требаа седум часа да се спушти од височината од 8.611 метри, откако го качуваше врвот три и пол дена, и тоа без помош на дополнителен кислород, што, исто така, е потфат сам за себе.

Помалку од 350 луѓе се имаат качено на К2 во последните 60-ина години, а 77 загинале

„Успеав да се спуштам од врвот на К2 директно во базниот камп. Тоа е технички многу тешко спуштање и затоа сум среќен што сѐ помина добро. Ова ми беше втор обид и задоволен сум што нема да мора да се враќам“, изјави 30-годишниот Баргјел, кој го откажа ланскиот обид поради високи температури и лоши услови.

К2 се наоѓа на пакистанско-кинеската граница и меѓу планинарите важи за еден од најтешките и најопасни врвови, па го следи прекарот „сурова планина“.

Над 4.000 луѓе досега го имаат качено Монт Еверест, највисокиот врв на светот, но, почнувајќи од 1954 година, на К2 биле помалку од 350. Исто така, оваа планина досега има однесено 77 животи.