„ТАТКОВИНА“ ЗАВРШУВА ВО 2019 СО ОСМАТА СЕЗОНА

Беверли Хилс, (АП)

„Шоутајм“ објави дека неговата наградувана серија „Татковина“ ќе заврши во 2019 година со осмата сезона.

Шефот на ТВ-мрежата Дејвид Невинс кажа дека креаторот и продуцент Алекс Ганза ќе ѝ даде соодветен заклучок на серијата, што ја опиша како нивниот најдобар производ досега.

„Тажни сме што серијата завршува, но вистинско време е за тоа“, изјави Ганза.

Ова уследи откако главната ѕвезда Клер Дејнс најави дека осмата сезона ќе биде последна за неа во улогата на поранешниот агент на ЦИА Кери Метисон, која страда од биполарно пореметување.

„Татковина“ почна како римејк на израелската серија „Воени затвореници“ и во првите три сезони приказната се фокусираше на ликовите на Дејнс и на Демиен Луис. Серијата освои пет златни глобуси и седум награди Еми.