СУПЕРМОДЕЛОТ ХАНТИНГТОН-ВАЈТЛИ ЈА ПОКАЖА СОВРШЕНАТА ФИГУРА 14 МЕСЕЦИ ПО ПОРОДУВАЊЕТО

Лос Анџелес, (Сан)

Роузи Хантингтон-Вајтли изгледаше сензационално во црн фустан, кога му се придружи на својот сопруг Џејсон Стејтам на премиерата на неговиот нов филм „Мег“, што се одржа во Холивуд.

Супермоделот на „Викторија‘с сикрет“ блесна во фустанот што ја истакна нејзината совршена фигура само 14 месеци по породувањето. Стејтам успешно ѝ парираше во елеганцијата, облекувајќи тегет костум и бела кошула. Тој се пошегува дека сакал да го протне на премиерата и синот Џек, за да го гледа филмот за огромна ајкула.

Триесет и едногодишната британска манекенка го роди првото дете минатиот јуни. Таа и 20 години постариот актер се заедно од 2010 година.