РИЧАРД ГИР ЧЕКА ДЕТЕ НА 69 ГОДИНИ

Мадрид, (Дејли мејл)

Холивудскиот ветеран Ричард Гир чека дете, иако се ближи кон својата 70. година, објави шпанскиот весник АБЦ.

Гир, кој на 31 август ќе наполни 69 години, неодамна се ожени по третпат, со 34 години помладата Алехандра Силва и двојката сега го очекува своето прво дете. Тие склучија граѓански брак во април во Мадрид по четири години врска, а потоа во Њујорк направија забава со пријатели и роднини.

„Јас сум најсреќниот човек во универзумот, како не би можел да бидам?“, кажа тогаш Гир.

И двајцата имаат деца од своите претходни бракови: Гир има 18-годишен, а Силва петгодишен син.

Гир ја запознал Алехандра, ќерка на поранешен потпретседател на Реал Мадрид, во луксузен хотел во Италија, со кој таа управуваше во тоа време. Нивната врска стана јавна во јуни 2015 година.