ЕКСТРАВАГАНТНА ИЛИ ЏЕЗЕРСКА ЛЕДИ ГАГА – ФАНОВИТЕ ВО ЛАС ВЕГАС ЌЕ ИЗБИРААТ ОД ДВА РАЗЛИЧНИ НАСТАПИ

Лас Вегас, (АФП)

Поп ѕвездата Леди Гага објави дека во Лас Вегас ќе има два различни типа концерти, за да ги прикаже двете нејзини страни – екстравагантната и џезерската.

Со 32 години, Леди Гага е невообичаено млада и културно издигната за да најави подолг престој во Лас Вегас, кадешто главно настапуваат повозрасни уметници, кои сакаат да заработат на база на носталгија на туристите.

Таа изјави дека нејзините настапи ќе започнат на 28 декември во новоотворениот парк Ем-Џи-Ем, џиновски комплекс што првично беше изграден во стилот на Монте Карло.

Пејачката ги најави концертите „Леди Гага енигма“, што ќе содржат драматични креации и настапи и „Леди Гага џез и пијано“, на коишто ќе изведува минималистички верзии на своите песни, како и на други поп хитови.

„Ние создаваме шоу кое ќе биде прослава на сето она што е единствено и различно во нас”, рече Леди Гага.