ГЕНЕРАЦИСКИ ЈАЗ ОД ЕДЕН ВЕК – КИРК ДАГЛАС ВО ИГРА СО ПРАВНУКАТА

Лос Анџелес, (Пипл)

Камерон Даглас го фотографираше својот легендарен дедо Кирк во игра со неговата правнука, прикажувајќи генерациски јаз од цел еден век.

Кирк Даглас во декември ќе наполни 102 години, додека најмладиот член на семејството, Луа Изи, има само осум месеци.

„Љубов“, кратко напишал Камерон Даглас под сликата на Инстаграм, на која Кирк и Луа посегнуваат со рака еден кон друг.

Кирк Даглас е во брак со сега 99-годишната Ен Бајденс веќе 64 години и имаат седум внуци.