САМОХРАН „СУПЕРТАТКО“ ПОСВОИ ЧЕТИРИ ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО АНГЛИЈА

Јоркшир, (Мирор)

33-годишен самохран татко од Јоркшир посвои четири деца со посебни потреби. Бен Карпентер од Јоркшир, кој многу брзо беше наречен „супертатко“ и „светец“ почна да посвојува пред 10 години, станувајќи еден од најмладите хомосексуалци да посвои дете.

„Луѓето ме викаат светец и викаат дека тоа што го правам е неверојтано, но јас само сакав да станам татко и овој е мојот начин. Верувам во судбина и мислам дека ова ми било предодредено да го правам“,  рече тој.

Четирите деца покажале значителен прогрес откако биле посвоени, нешто што ги зачудило и социјалните работници и медицинските професионалци.

Кога Бен беше прашан околу тоа дали планира да го сподели живот со некој партнер во блиската иднина, одговори: „Никогаш не сум барал да имам врска, тоа не ме интересирало. Сакам само да си ја вршам мојата работа.“

Тој исто така работи за едукација на следни потенцијални родители посвојувачи. „Постојано го промовирам посвојувањето. Тоа е неописливо чувство кое ме наградува, задоволува и ме  предизвикува највеќе во светот. Меѓутоа, ако размислувате да посвоите дете, треба да бидете сигурни дека имате доволно искуство со грижа на деца“.

Што се однесува за посовојување на деца со посебни потреби, Бен вели: „Мора да бидете целосно искрени со самите себе.“

Кога прв пат се сретна со сегашната ќерка Руби, таа беше поврзана со машина хранилка, не можеше да зборува и се движеше насекаде со количка. Сега таа јаде и оди нормално, покрај нејзините посебни потреби.

„Горд сум на себе што сум можел да ѝ го сменам животот. Во нашиот дом се живее под мотото „јас можам“ , а јас се обидувам да ги научам да бидат што понезависни“, додава Бен.