Драмската програма на Охридско лето почнува вечерва (13 јули) со премиера на театарската претстава „Татко“ од Флоријан Зелер, во режија на Иван Поповски, реномиран македонски режисер кој над две децении живее во Москва. Ќе се изведе од 21 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Претставата е во продукција на „Театарот на еден актер“, која е продолжение на продукцијата „Театар и филм – БМ“, основана во 2001 од актерот Бајруш Мјаку.
Овој проект по 25 години ги враќа Поповски и Мјаку во заедничка претстава, по исклучителната „Дневникот на лудиот“ од 2001. Покрај Мјаку, во „Татко“ играат и Амернис Нокшиќ, Фисник Зеќири, Сабина Мемиши Асланај, Мелика Кастрати и Флакрон Алији. Сценографијата е на Енес Деари, а костимографијата на Изет Цури.
Со ликот на Таткото, Мјаку ќе ја заокружи својата плодна 53-годишна театарска кариера.