„КРЕНБЕРИС“ ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ ПО ИЗЛЕГУВАЊЕТО НА ПОСЛЕДНИОТ АЛБУМ СО ДОЛОРЕС О‘РИОРДАН

Лондон, (Индипендент)

„Кренберис“ соопштија дека ќе се разделат откако ќе излезе нивниот последен албум, со пејачката Долорес О‘Риордан , која почина во јануари, а за кој таа уште лани ги снимила вокалите.
Пејачката почина на 46 години во хотел во Лондон, од давење како последица на труење со алкохол.

Албумот „Сите го прават тоа, зошто не би можеле и ние“ беше во фаза на подготовка кога почина таа, но изглегувањето беше одложено поради ненадејната смрт на О‘Риордан.

Членовите на ирскиот бенд, кој е формиран во 1989 година, за „Гардијан“ изјавија дека ќе го издадат албумот и потоа секој ќе продолжи по својот пат.

„Ќе го издадеме овој албум и тоа ќе биде тоа. Нема причина да продолжуваме“, изјави гитаристот Ноел Хоган. Сѐ уште не е познат датумот кога ќе излезе албумот.