РИЈАНА НАЗНАЧЕНА ЗА СПЕЦИЈАЛНА АМБАСАДОРКА НА БАРБАДОС

Богота, (ДПА)

Поп-ѕвездата Ријана е назначена за специјален амбасадор на нејзината родна земја Барбадос, соопшти Владата.

Новата амбасадорка, чие полно име е Робин Ријана Финти, ќе ги промовира образованието, туризмот и инвестициите на островската држава.

Премиерката Мија Амор Мотли ја опиша 30-годишната ѕвезда како истакната жителка на Барбадос, која придонесе за зголемување на имиџот на земјата.

„Ријана има голема љубов кон оваа земја и го покажа тоа со нејзината филантропија, особено во деловите за здравство и образование“, рече Мотли.

„Горда сум што ќе преземам ваква престижна титула од мојата родна земја“, изјави Ријана, која живееше на Барбадос до своите тинејџерски години, кога беше откриена од американски музички продуцент.