Основачите на Инстаграм Кевин Систром и Мајк Кригер објавија дека ја напуштаат компанијата.
Систром, кој беше извршен шеф, кажа дека двајцата си одат со цел „одново да ги истражат своите љубопитност и креативност“.
Тие ја почнаа платформата за споделување фотографии во 2010 година и две години подоцна му ја продадоа на Фејсбук за една милијарда долари. Мрежата денес има повеќе од милијарда корисници.
Тие неочекувано вчера го известиле водството на Фејсбук за својата одлука, која се поврзува со нивните влошени односи со Марк Закерберг.
„Ако сакаме да градиме нови нешта, мора да се повлечеме, видиме што нѐ инспирира и да го споиме тоа со она што му треба на светот. Тоа е нашиот план“, напишаа Систром и Кригер во блог на Инстаграм.