Eнвер Ахмет 35 години беше новинар, а по пропаѓањето на „Нова Македонија“, решил да се преквалификува и да работи како туристички водич. Неговата лична приказна навистина инспирира и мотивира, па не случајно беше одбран да биде едно од лицата на корпоративната кампања на „Халкбанк“, „Важни се луѓето“.
„Со еден збор, споив удобно и корисно и, еве, последниве десетина години успешно работам како локален и регионален туристички водич“, вели Ахмет.
Тој вели дека преку својата работа сака Македонија да му ја доближи на светот.
„Патувањата нудат незаборавни искуства и спомени. Кој патува, знае. Мојата инспирација беше да успеам барем малку да придонесам за развивањето на туризмот и да им пренесам на луѓето дел од моето знаење, да ги збогатам со информации за нашите преубави земја и регион и да им ги претставам локалните обичаи и култура, со надеж дека Македонија ќе ја сместам на мапата на посакуваните светски дестинации. Оној кој еднаш дошол, да посака повторно да дојде, но и да ја препорача нашата земја“.
Ахмет вели дека неговото лично мото е „Патувај за да ги прошириш своите хоризонти“, па поаѓајќи оттука, секој би се збогатил културолошки, би создал нераскинлива врска со различните од себе и, што е најважно, би ги надминал личните бариери и предрасуди.
Во насока на пораката „Важни се луѓето“, и самиот Ахмет вели дека лесно може да се пронајде и идентификува со приказната која е столбот на оваа емотивна кампања на „Халкбанк“, а тоа е дека секој еден е навистина важен, со што банката истовремено ја потврдува својата позиција согласно значењето на нејзиното име – „банка на луѓето“.
„Сметам дека секој човек со долгогодишни кариера и искуство е важен, бидејќи има што да пренесе на другите. Фидбекот е неверојатно брз, а тоа ме мотивира да работам уште повеќе“, вели Енвер Ахмет и додава дека токму поради тоа му е и лично важно „да го отвори светот“ за луѓето, како што се вели во кампањата на „Халкбанк“.