МИКИ МАУС ДОБИ АФРИКАНСКИ ИЗГЛЕД ЗА 90. РОДЕНДЕН

Јоханесбург, (АП)

Десетмина уметници од Јужна Африка насликаа статуи на Мики Маус, користејќи стилови кои ја рефлектираат културната разноликост на континентот и им дадоа повеќе опции на облека, освен вообичанеите бели ракавици, црвени панталони и жолти чевли.

Мики Маус за првпат се појави во анимираниот филм „Парабродот Вили“ на 18 ноември 1928 година, во црно-бела верзија.

Од „Дизни Африка“ ги замолиле уметниците да стојат настрана од чувствителни теми како политика и религија во нивните креации за Мики Маус (Фото: АП)

„Јужноафриканскиот проект на ‘Дизни’ беше можност Мики да го направиме Африканец“, рече уметницата Фумзиле Бутхелези, додавајќи: „На некој начин, ја насликав мојата историја“.

Во светската уметност има повеќе истакнати уметници кои биле инспирирани од еден од најомилените анимирани ликови и комерцијален бренд Мики Маус, како Диего Ривера, Демиен Хрст и Салвадор Дали.