Откако претходно војуваше во Виетнам, Афганистан и Тајланд, Џон Рамбо добива сосема нов, навидум помирен изглед за петтиот дел од легендарната акциска франшиза, со Силвестер Сталоне во насловната улога.
Облечен како каубој и качен на коњ, 72-годишниот Сталоне навести дека новиот „Рамбо“ ќе биде сместен на американскиот запад, а со фотографиите што ги објави на Инстаграм го означи почетокот на снимањето.
Петтиот дел на „Рамбо“ засега нема официјално име, не е познат ни кастингот, а според „Холивуд рипортер“, би требало да излезе наредната есен.
Сталоне претходно објави и видео, со кое покажа како се подготвува за една од своите најпознати улоги, серијал што почна уште во 1982 година.