Ејми Вајнхаус во холограмско издание ќе оди на светска турнеја наредната година.
Проекција на починатата британска пејачка ќе изведува дигитално обработени аранжмани на нејзините песни, што ќе биде придружувано од бенд во живо, пратечки вокали и од она што продукциската компанија „Бејз холограм“ го опиша како театарско доживување.
Таткото на Вајнхаус, Мич, го поддржа проектот, опишувајќи го како сон.
„Да се види Ејми повторно на сцена е нешто навистина посебно, нешто што не се опишува со зборови. Музиката на нашата ќерка допре милиони луѓе и ни значи сѐ што нејзиното наследство продолжува на ваков иновативен начин“, изјави Мич Вајнхаус, додавајќи дека на овој начин ќе се собираат пари за фондацијата „Ејми Вајнхаус“.
Планирано е концертите да траат меѓу 75 и 110 минути.
Турнејата на Вајнхаус е трет ваков проект на „Бејз холограм“, по оние на Рој Орбисон и Марија Калас. Оваа технологија стана вообичаена од холограмскиот настап на Тупак Шакур на фестивалот „Коачела“ во 2012 година.
Ејми Вајнхаус го одржа последниот концерт на 18 јуни 2011 во Белград, еден месец пред да почине.