СТЕНДАП ТУРНЕЈА НИЗ МАКЕДОНИЈА НА АКТЕРИТЕ АЛЕКСАНДАР МИХАЈЛОВСКИ И АНТОНИО ТАШКОВСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Актерите Александар Михајловски, познат како Син на мајка и Антонио Ташковски, познат како 1Човек, денеска (15 октомври) ја започнуваат стендап турнејата „На терапија со ананас“, која ќе опфати десет градови низ Македонија. Специјален гостин ќе биде Модернизам и Ренесанса.

Со нов материјал, иронија и сатира, тие ќе зборуваат за секојдневните апсурди, меѓучовечките односи и општествените појави преку директна комуникација со публиката.

Турнејата започнува во Кавадарци, а продолжува во Прилеп (16 октомври), Битола (17 октомври), Гевгелија (18 октомври), Охрид (24 октомври), Куманово (29 октомври), Велес (30 октомври), Струмица (31 октомври) и Тетово (1 ноември). Завршниот настап ќе се одржи на 7 ноември во салата „Градски парк“ во Скопје.

Сите настапи започнуваат во 20 часот. Билетите се продаваат преку „Тикет плус“.