ТАЈВАН ГО ДОБИ НАЈГОЛЕМИОТ ЦЕНТАР ЗА УМЕТНОСТИ ВО СВЕТОТ, СО ПОВРШИНА ОД 140.000 КВАДРАТНИ МЕТРИ

Тајпеј, (Дезин)

Тајван го доби најголемиот центар за изведувачки уметности на светот, со отворањето на Националниот центар за уметности Каошсуинг на површина од 141.000 квадратен метар. Центарот е познат по името Виевуинг, според паркот во близина.

Уметничкиот центар е дело на холандското архитектонско студио „Микану“

Под еден покрив се сместени оперска куќа со 2.236 седишта, концертна сала со 1.981 седишта, театар со 1.210 седишта, како и сала за рецитали со 434 седишта. Има и петта сала, така што покривот на зградата се спушта и се отвора нова сцена, која гледа кон паркот.

Уметничкиот центар е дело на холандското архитектонско студио „Микану“.

Меѓу настаните кои се најавуваат од 1 јануари 2019 година се концертите на Берлинската филхармонија со диригентот Густаво Дудамел и шпанската атракција Ла Фура делс Баус.