СОВРЕМЕНИ ЈАПОНСКИ ФИЛМОВИ ОД ДЕНЕСКА ВО КИНОТЕКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од денеска до четврток, во Кинотека на Македонија од 20 часот ќе се одржува Недела на современ јапонски филм.

На филмската ревија, која се организира во соработка со амбасадата на Јапонија во Скопје, ќе бидат прикажани четири филма од јапонската кинематографија, снимени од 2013 до 2016 година.

Циклусот почнува со „Животно ветување“ од 2016 година, во режија на Кан Ишибаши и со Такеш Китано во една од главните улоги. Во наредните денови ќе бидат прикажани и „Ванкувер асаги“ на Јуја Ишии, „Пеј го мојот живот“ на Нобуо Мизута, и „Искра на животот“ на Банџи Сотојама.

Сите филмови се со македонски и англиски превод, а за бесплатниот билет е потребна резервација.