СЕ ОЖЕНИ ПЛАНИНАТА ОД „ИГРА НА ТРОНОВИ“ – РАЗЛИКАТА Е 130 КИЛОГРАМИ

Рејкјавик, (Дејли мејл)

Хафдур Јулиус Бјернсон, ѕвездата на „Игра на тронови“ и официјално најсилен човек на светот, се ожени со својата девојка Келси Хенсон на романтична церемонија во родниот Исланд.

Популарниот сер Грегор Клегејн, односно Планината, ја објави радосната вест на Инстаграм, каде што преку неколку фотографии ја покажа својата нежна страна, спротивно на ликот на суровиот убиец што го игра во серијата.

Хенсон е половина метар пониска од Бјернсон (Фото: Инстаграм)

„Сега со голема радост можам да ја нарекувам Келси Хенсон моја сопруга. Ќе ја чувам таа прекрасна жена и во добро и во зло до крајот на животот“, напиша Бјернсон под романтичните фотографии.

Бјернсон ја запознал Келси во еден бар во Алберта (Канада), кадешто таа работела како келнерка. Таа наводно му пришла и му побарала автограм.

Исланѓанецот, кој годинава во Филипини ја освои титулата најсилен човек на светот, е висок 206 сантиметри и тежок 180 килограми, додека Хенсон има 157 сантиметри и само 52 килограми.