БЕН СТИЛЕР ГО РЕОФОРМИ СВОЈОТ ПАНК БЕНД И ЈА ИЗДАДЕ ПРВАТА ПЕСНА ПО 36 ГОДИНИ

Њујорк, (Ролинг стоун)

Во почетокот на годината, американскиот актер Бен Стилер најави дека повторно ќе го собере својот панк бенд од тинејџерските денови, наречен „Капитал панишмент“. Тие сега ја објавија својата прва песна по 36 години пауза.

Насловена „Конфузија“, таа всушност е обработка на една од раните песни на групата и ќе се најде на претстојниот миниалбум „Ова е главната казна“, кој ќе биде објавен на 23 ноември. Песната оригинално се појави на дебитантскиот албум на групата, „Roadkill“, објавен во 1982 година, кој денес е колекционерски примерок и на сајтот „Дискогс“ се продава по цена од 300 долари.

„Ова е последната работа на светот за која би помислил дека може да се случи и затоа е толку забавно и уживам. Најдобриот дел е што ние, неколкумина пријатели, имавме можност повторно да се собереме и да свириме заедно“, вели 52-годишниот Стилер, кој е тапанар во групата.

Други членови на групата се врховниот судија од Аризона Питер Свон, професорот по чешка литература Питер Зуси и документаристот Крис Реблинг.