ТРИ ДЕЛА НА БАНКСИ СЕ ПРОДАДОА ВО ПАРИЗ БЕЗ ИЗНЕНАДУВАЊА ОД УМЕТНИКОТ

Париз, (Ројтерс)

Три принта на Банкси се продадоа на аукција во Париз, овојпат без замки од мистериозниот британски уметник.

Неговото дело „Девојка со балон“ се самоуништи на неодамнешна аукција во Лондон, откако се продаде за повеќе од еден милион евра, делумно поминувајќи низ вграден режач за хартија.

Организаторите од аукциската куќа „Арткуријал“ изјавија дека претходно ги провериле делата, за да се осигураат да нема какви било ненадејни оштетувања.

Но, аукционерот претходно за „Ројтерс“ изјави дека „компанијата би била пресреќна доколку Банкси планира уште некое изненадување“.

Принтовите на „Застани и барај“, на којшто е прикажана Дороти од „Волшебникот од Оз“, „Кралица Вик“ и на „Лименка супа жолта/смарагдна/кафеава“ се продадоа за повеќе од 120.000 евра.