МОМЧЕ СО ДАУНОВ СИНДРОМ СТАНА МОДЕЛ НА БРЕНД ЗА ДЕТСКА ОБЛЕКА

Лондон, (Би-Би-Си)

Mомче со Даунов синдром стана заштитно лице на новата детска колекција на брендот „Ривер Ајленд“.

11-годишниот Џозеф Хејл од Клеторпс, Североисточен Линколншир, кој е заедно со уште седум деца се дел од каталогот на брендот, беше избран откако го забележаа модни скаути.

Џозеф заедно со уште седум деца се дел од каталогот на брендот „Ривер Ајленд

„Беше прекрасно. Позирав, не шминкаа, ни ја средуваа косата. Додека нè фотографираа носев магични чевли“, вели Џозеф, кој кога ќе порасне сака да биде фризер.

Неговата мајка Карен е горда на синот и се надева дека оваа кампања ќе поттикне еднаква застапеност на лицата со хендикеп.

„Беше многу возбуден кога ги виде фотографиите. Ги однесе на училиште да им ги покаже на другарите. Се надеваме дека вакви кампањи ќе го отворат патот за поголема инклузивност и прифаќање на децата со попреченост. Луѓето треба да видат дека и овие лица имаат емиции, чувства и соништа“, вели Карен.

Џози Кертриџ, директор во „Ривер Ајленд“, вели дека Џозеф бил ѕвезда на снимањето и преку неговото ангажирање компанијата сакала да прикаже разновидна група деца.