Не постои подобар начин да се видат селата и природата низ Европа, од патување со воз. Ако планирате да патувате низ Европа, сторете го тоа со воз. Еве ги најубавите патувања ако се решите за овој вид превоз.
ЧОКОЛАДЕН ВОЗ-ШВАЈЦАРИЈА
Овој шармантен воз сообраќа во лето и на есен. Минува низ планини со прекрасен поглед на Женевското езеро, до средновековниот град Грујер.
ЖЕЛЕЗНИЧКА ЛИНИЈА ВЕНЕЦИЈА-МИНХЕН
Директната линија од Венеција до Минхен минува низ италијански долини и села, Алпите и снежни врвови, па потоа стигнува до Баварија.
ВОЗОТ ПИГНЕС-ФРАНЦИЈА
Оваа железничка пруга минува низ најубавите региони на Франција. Регионот Прованса е познат по својата природа и живописни пејсажи. Возот минува реки, мостови и прекрасни мали села.
ТРАНСИБИРСКА ЖЕЛЕЗНИЦА-РУСИЈА
Овој легендарен пат, икона на руската култура, минува низ осум временски зони, за да го поврзе главниот град Москва со пристаништата на Тихиот океан.
ШКОТСКИ ВИСОРАМНИНИ-ШКОТСКА
Кружната железничка пруга минува низ највисокиот врв во Велика Британија, Бен Невис, како и езерото Лох Морар. Некои од местата кои ќе ги видите, ќе ви бидат познати од филмовите за Хари Потер.
ЖЕЛЕЗНИЧКА ЛИНИЈА РАУМА-НОРВЕШКА
Прекрасните места на нордиската земја која е позната по недопрена природа може да се видат низ големите прозорци во возот. Минува крај смарагно зелената река Раума, низ карпести врвови и зелени долини.
РУТАТА НИЗ ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
Со оваа железничка линија можат да се видат многу историски градови и замоци.
ЖЕЛЕЗНИЧКА ЛИНИЈА ШВАЈЦАРИЈА-ИТАЛИЈА
Патот минува од Швајцарските до Италијанските Апли, низ прекрасна природа, тунели, мостови и убави села.