ФИНАЛЕ НА СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ СО ТЕЈБОРН КВАРТЕТ И МОЌНА НОРДИСКА МУЗИКА НА НИЛСЕН-ЛАВ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Крајот на годинашниот Скопски џез фестивал е вечерва во 20 часот во Македонската опера и балет (МОБ) квартетот на Крег Тејборн и бендот на Пал Нилсен -Лав, и со еден од најпознатите италијански саксофонисти Роберто Отавиано кој ќе настапи во киното „Фросина“ (МКЦ) во 17 часот.
Пијанистот, органист, клавијатурист и композитор Крег Тејборн има широк спектар стилови кои често ги адаптира кон природата на инструментот и звуците кои што може да ги создаде. Многумина денес го сметаат

Тејборн за најдобар џез пијанист на својата генерација. Повеќе пати ја има добиено доби наградата „Пијанист на годината” .

Пал Нилсен-Лав е еден од творечки најпродуктивните и најактивните норвешки музичари во последните 20 години. Со главно помлади норвешки музичари во составот „Ларџ јунит“ и со музичари од Финска, Шведска и Данска свират нордиска музика во своето најмоќно издание.

Отавиано има богата и разновидна дискографија, а како педагог, тој е основачот на џез одделот на Музичкиот конзерваториум во Бари, каде што работи веќе 30 години.