МЕМОАРИТЕ НА МИШЕЛ ОБАМА СЕ ПРОДАВАА ДЕВЕТ КОПИИ ВО СЕКУНДА

Вашингтон, (Гардијан)

Мемоарите на бившата прва дама на САД Мишел Обама станаа најбрзо продаваната книга во Северна Америка оваа година, откако беа објавени минатиот вторник.

Насловена „Becoming“, книгата беше пофалена и од критиката и од публиката, а првиот ден се продавале девет копии во секунда. „Њујорк тајмс“ ја нарече книгата „полиран бисер на мемоари“, а на сајтот „Амазон“, дури 200 корисници ѝ дадоа максимални пет ѕвезди.

Бидејќи почетниот тираж од 1,8 милиони примероци брзо се продаваше, издавачот порача дополнителни 800.000.

Во понеделникот беше објавено дека во првите 24 часа се продале 750.000 примероци, што ја прави најбрзо продавана книга на годината. Во Велика Британија, за пет дена се продале речиси 65.000 копии.

„Оваа книга, несомнено, е највозбудливиот настан за издаваштвото оваа година“, објави издавачот „Пингвин рендом хаус“.