Книгата „Девет комедии“ од драмскиот автор и пензиониран професор по драматургија и сценарио Русомир Богдановски ќе биде промовирана на 19 октомври во 19 часот на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Скопје.
Книгата содржи девет комедии напишани во периодот од 1968 до 2025 година, меѓу кои е и најновата пиеса „Не плачи, Ленке“, која досега не е објавена ниту изведена на театарска сцена.
Во присуство на авторот, книгата ќе ја промовира театрологот и професорка Деспина Ангеловска. Извадоци од комедиите ќе читаат студентите од четврта година по актерска игра на ФДУ, од класата на професорот Ангелчо Илиевски.
Специјален гостин на промоцијата ќе биде македонскиот актер и комичар Благоја Чоревски, кој ќе им се придружи на студентите во читањето извадоци од делата на Богдановски.