Актерот и комичар Кевин Харт, сепак, би можел да ја води претстојната церемонија на доделување Оскари, иако се откажа од оваа работа само три дена откако беше избран за домаќин.
Гостувајќи во шоуто на Елен ДеЏенерис, Харт кажа дека ја преиспитува својата одлука, што ја донесе откако Филмската академија побара од него да се извини за стари хомофобични твитови и коментари или да се повлече. Харт одлучи да се повлече, а подоцна и се извини, но и по еден месец, негова замена не е избрана.
ДеЏенерис, која и сама беше водителка на Оскарите, му даде поддршка на Харт и кажа дека лобира во Академијата тој повторно да ја добие оваа работа.
„Се молам и се надевам дека ќе се случи тоа. Ако се врати, ѝ ветувам на публиката дека ќе види еден посозреан Харт како личност“, изјави ДеЏенерис, чие целосно интервју со Харт ќе се емитува в понеделник.
Контроверзните твитови и коментари на Харт датираат од 2008 и 2010 година, од времето на неговите настапи како комичар.