ЛЕДИ ГАГА СО ЃЕРДАН ОД ПЕТ МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА ЗЛАТНИТЕ ГЛОБУСИ

Беверли Хилс, (Холивуд рипортер)

Леди Гага освои само еден од очекуваните два златни глобуси за филмот „Ѕвезда е родена“, но секако го освои црвениот тепих со својата појава.

Ѓерданот „аурора“ е дело на „Тифани“

Освен импресивниот фустан на „Валентино“, на поп дивата се истакнуваше и дијамантскиот ѓердан од пет милиони долари, што специјално за неа беше направен од „Тифани“. Тој се состои од повеќе од 300 дијаманти и од 20-каратен камен во средина. Таа го дополни својот изглед со обетки од дијаманти и платина од 115.000 долари и со комплет дијамантски бразлетни.

Стилистите на Гага, Том Ирибаут и Сандра Амадор, велат дека инсистирале на нагласен гламур за да се отвори сезоната на собирање награди.

„Ѓерданот ‘аурора‘ на ‘Тифани‘, специјално изработен за Леди Гага за овие Глобуси, совршено ја доловува величественоста на нејзиниот фустан. Бидејќи ова беа посебна прилика и нејзина прва голема награда оваа сезона, сакавме накит и фустан да се дополнуваат еден со друг“, изјави Ирибаут.