Модниот бренд „Хуго Бос“ лансираше линија вегански машки чевли насловена „Пинатекс“, направени од природни материјали.
Горниот дел од чевелот е направен од листови од ананас, ѓонот е од рециклиран термопластичен полиуретан, а се обоени со бои од растително потекло. Спортските чевли се достапни во четири бои: сина, црна, портокалова и жолта.
Покрај тоа што се вегански, чевлите доаѓаат спакувани во рециклирачка и биоразградлива хартиена кутија, која е направена од стопроцентно обновени влакна.
Материјалот е развиван седум години од д-р Кармен Хијоса, а модната куќа соопшти дека производството на вегански чевли е дел од нивните напори да ги прават своите производи што е можно поодржливи.